4

Четири промоции на изданија на Државниот архив на Саемот на книгата

Популаризацијата на архивската документација како извор за историското минато, Државниот архив ја реализира преку богатата издавачка дејност. На афирмирани имиња од науката и од архивската дејност, Државниот архив им овозможува да ги публикуваат авторските дела преку кои читателите имаат можност да се запознаат со нови историски факти. На годинешниот Саем на книгата, кој се одржа од 4 мај до 10 мај година, во Арена „Борис Трајковски“ беа промовирани три публикации на Архивот: „Нико Зупанич и Македонија во 1903 година“ од м-р Виктор Габер, „Албански документи за историјата на Македонија, префектура Дебар (1941-1944)“, том I од проф. д-р Музафер Бислими, „Македонското прашање во документите од Коминтерната ВМРО Обединета“, том II, дел 1 од проф. д-р Владо Поповски, проф. д-р Ленина Жила и д-р Јасмина Дамјановска. Вреднувајќи го трудот и научниот придонес на вработените, Државниот архив организираше промоција на Саемот на книгата на државниот советник, доц. д-р Аднан Шериф на две негови изданија: „Македонското прашање во политиката на Османлиската Држава (1876-1909)“ и „Парламентарните избори во Османлиската Држава со посебен осврт на Македонија во 1908 година“.

            Државниот архив ќе продолжи со заложбите да ги приближува историските содржини до читателите и да придонесува за зголемување за читателската публика.

1 1
2
3
4

Најнови објави