Заменикот-директорот на Државниот архив, проф. д-р Музафер Бислими, гостуваше во емисијата „Ритамот на денот“ на новинарот Арменд Мурселин на вториот канал на Македонската радио-телевизија при што се осврна на повеќе теми кои го афирмираат работењето на институцијата. Заменик-директорот како автор на делото „Албански документи за историјата на Македонија, префектура Дебар (1941-1944) том I“, во издание на Државниот архив, говори за неговата содржина и значењето кое го има за историографијата. Притоа тој најави нови проекти, кои ќе бидат интересни за научната и пошироката јавност.
ТРИЕСЕТ И ДВЕ ГОДИНИ – НЕЗАВИСНОСТ
На 8 септември Република Северна Македонија прославува 32 години од стекнувањето на својата независност. На