Заменик-директорот на Државниот архив, проф. д-р Музафер Бислими, на 28 јули 2023 година (петок), оствари средба со градоначалникот на Општина Дебар, д-р Хекуран Дука, на која стана збор за идни заеднички активности кои треба да се реализираат во септември.
Општина Дебар ќе биде домаќин на изложбата „110 години од Дебарското востание (1913)“ од авторите проф. д-р Музафер Бислими и д-р Никола Митровиќ, а воедно на посебен настан ќе биде промовирано изданието „Дебарското востание од 1913 година – српски документи“ преведено на македонски и на албански јазик (два тома). Преводот на македонски јазик е од проф. д-р Музафер Бислими, на албански јазик од проф. д-р Музафер Бислими и м-р Ирфете Ибраими. Заменик-директорот, проф. д-р Музафер Бислими, подари неколку примероци од публикацијата „Албански документи за историјата на Македонија, префектура Дебар (1941-1944)“ на Општината, се работи за популарно издание кое е значајно за локалната историја на дебарскиот крај.