FB_IMG_1692022363744

ПОТТИК ЗА ПРОЦЕСОТ НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА ВО ДРЖАВНИОТ АРХИВ

,,Државниот архив треба да фати чекор со европските процеси на дигитализацијата на архивските материјали и документи” – беше нагласено на денешната средба меѓу Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу и директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески.

Соработката меѓу Државниот архив и ова Министерство се одвива на високо професионално ниво и, како што е договорено на средбата, таа соработка и натаму треба да се продлабочува во интерес на заштитата на историските документи и за поефикасното работење на Државниот архив.

FB IMG 1692022363744
FB IMG 1692022366588

Најнови објави