Изложбата „120 години од Илинденското востание – архивска меморија“ на Државниот архив по нејзината презентација во Крушево, во Охрид и во Музејот на македонската борба во Скопје ќе биде промовирана и во Демир Хисар. Изложбата содржи над 300 архивски документи и фотографии прикажани на 21 изложбено пано. Документите се дел од архивските фондови што се чуваат во Државниот архив, а се преземени од архивите во Истанбул, Софија и Белград.
Изложбата ќе биде отворена на 1 септември во 12 часот, во Домот на културата „Илинден“.
Ве очекуваме!
Новогодишна честитка
Државниот архив на своите вработени, соработници и на сите граѓани им ја честита Новата година!