4

       ПРОМОВИРАНА КНИГАТА „ДЕБАРСКО-ОХРИДСКОТО СЕПТЕМВРИСКО ВОСТАНИЕ ОД 1913 ГОДИНА“ ВО ДЕБАР

 Во присуство на многу граѓани од општина Дебар и претставници на различни институции, во вторникот на 3 октомври 2023 г., беше промовирана книгата „Дебарско-охридското септемвриско востание од 1913 година“, чиј автор е заменик-директор на Државниот архив, проф. д-р Музафер Бислими.
            На промоцијата се обратија г. Хекуран Дука, градоначалник на Општина Дебар, кој воедно беше домаќин на настанот, промоторите Ќендреса Пачуку и д-р Никола Митровиќ и авторот проф. д-р Музафер Бислими. Во своето обраќање, авторот нагласи дека Државниот архив ќе продолжи да истражува и да публикува документи за поблиското и подалечното минато, притоа изрази уверување дека оваа книга ќе го привлече вниманието на читателите не само од Дебар туку и пошироко. Изданието наскоро ќе биде достапно на научната јавност и на читателите за што ќе следува информација на веб-страницата на Државниот архив.

Настанот беше организиран во соработка помеѓу Општина Дебар и Државниот архив и таа соработка ќе продолжи со заеднички иницијативи за афирмација на историјата на дебарскиот крај.

1 4
3 3

Најнови објави