IMG_20231005_100009

„Учење преку работа кај работодавец“ за ученици во Државниот архив

            Државниот архив денес прими 27 ученици од трета година (правни техничари) од СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“, кои официјално ќе ја почнат практичната обука во рамки на наставниот предмет „Учење преку работа кај работодавец“. Државниот архив од минатата година се вклучи во градење кадри кои треба да се здобијат со работни вештини, кариерно да се насочуваат притоа поттикнувајќи ги учениците да се определат за архивистиката како избор на студирање во високото образование.

            Седумнаесет ментори од Архивот, вработени во различни сектори, вклучувајќи го и Одделението во Државниот архив – Скопје, ќе ги водат учениците во текот на практичната обука, пренесувајќи им теоретски и практични знаења во делот на канцелариско и архивско работење, организација на работа, спроведување  работни и процеси и сл.

            Државниот архив настојува да гради имиџ на отворена институција, достапна за ученици, студенти и за истражувачи.

IMG 20231005 100009 1

Најнови објави