На 25 октомври 2023 г. (среда), во 13 часот, на платформата „Зум“ ќе се одржи состанок со членовите на Меѓународниот центар за архивски истражувања и со сите заинтересирани, на кој ќе бидат споделени информации за 31. Конвенција на ИКАРУС, која ќе се одржи од 8 до 10 ноември 2023 г., во Скопје и Охрид.
Овие состаноци се можност да се разговара за активностите на ИКАРУС, за идеи кои може да се реализираат и искуства кои се стекнале во различни проекти.
Состанокот ќе го водат Светлана Успрцова, раководител на Секторот за истражување, меѓународна и домашна соработка и публикување архивски материјал во Државниот архив, и Жарко Вујошевиќ, член на Извршниот одбор на ИКАРУС.
Штипскиот архив чува оригинално свидетелство со потпис од Гоце Делчев
Свидетелства, дипломи, нотни записи, црковни книги, ракописи, фотографии се чуваат на долгите полици во депоата