Државниот празник 23 Октомври-Ден на македонската револуционерна борба спаѓа во датумите меѓници на истрајноста на македонските народ и сите народи кои живееле во османлиска Македонија во напорите за достигнување на државност. Националното зреење и настојување за социјална правда и еднаквост се етапи кои водат до државност како потврда на достојноста на еден народ да се вброи меѓу европските народи кои се стекнале со своја држава.
Македонските интелектуалци од крајот на XIX век: Иван Хаџи Николов, Петар Поп Арсов, Христо Татарчев, Христо Батанџиев, Андон Димитров и Даме Груев биле идеолошката движечка сила и го поставиле фундаментот на македонската револуционерна борба. Таа борба минала низ кризи и предизвици но со својот интензитет и непоколебливост го донесе АСНОМ во 1944 година.
За нас денес како мултикултурно и мултиконфенсионално општество е значајно што основачите на Македонската револуционерна организација го гледале сплотувањето на населението без разлика на верска и национална припадност. Генерациите кои доаѓаат секогаш ќе имаат можност да учат од визионерството на основачите на МРО за обединување кои ќе доведе до остварување на современи национални идеали.
Нека е честит големиот празник 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.