Досегашното спроведување заеднички проекти и разгледувањето нови иницијативи за соработка меѓу двата архива беа дел од опфатените теми на работната средба меѓу заменик-директорот на Државниот архив, проф. д-р Музафер Бислими, и директорoт на Државната агенција на архивите на Косово, м-р Ајет Леци. Заменик-директорот, проф. д-р Музафер Бислими истакна дека постои простор за размена на искуства во стручната работа, како и организирање настани за професионално усовршување.
Државниот архив постојано ја продлабочува меѓународната соработка со архивите од соседството со иницирање нови идеи. Следната средба со колегите од Република Косово се планира да се одржи во Приштина.