Flag_of_Albania.svg

Честит 28 ноември, денот на албанското знаме

Flag of Albania.svg

Сите Албанци насекаде во светот го одбележуваат денот на прогласувањето на независноста на Албанија и денот на знамето. На денешен ден, 28 ноември 1912 година Исмаил Ќемали го подигнал националното знаме во Валона и ја прогласил независноста од Албанија отцепувајќи ја од вековното ропство од Отоманската Империја. Тој ден било свикано Големо народно собрание на чело со Исмаил Ќемали, каде што учествувале 83 делегати од сите албански подрачја и 40 од нив ја потпишаа  Декларацијата за независнот, прогласувањето на независност на албанските вилаети од Отоманската Империја.

Меѓународното признавање на независноста беше направено по една година на амбасадорската конференција во Лондон, со што беа дефинирани и границите на Албанија.

Денот на знамето датира многу порано, кога на 28 ноември 1443 Скендербег го подигнал албанското знаме во Круја и бил прогласен за управник на Кнежевството Кастриоти.

Одбележувањето на денот на независноста и знамето не е само симбол на мирот, туку е плод на долговековната еманципација на Албанците како нација и обидите за интеграција  и поврзаност со европските нации.

Најнови објави

Учество на состанок на Редакцискиот одбор на списанието на Историскиот архив на Пожаревац и работен состанок со потпретседателката на Меѓународниот центар за архивско истражување (ICARUS)

На покана на д-р Јасмина Николиќ, директор на Историскиот архив на Пожаревац и уредник на

Дознај повеќе...

ОБЈАВЕНА Е ВТОРАТА КНИГА ОД ВТОРИОТ ТОМ ОД „ОСМАНЛИСКИ ДОКУМЕНТИ ЗА ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА – ПОПИСИ ОД ХIX ВЕК (1832-1833) СКОПСКИ САНЏАК, СКОПСКА КАЗА“ ОД АВТОРОТ  Д-Р АДНАН ШЕРИФ

Објавена е петтата книга, всушност втора книга од вториот том од серијата ,,Османлиски документи за

Дознај повеќе...