fotografija-4

8 ДЕКЕМВРИ – ДЕН НА ПАТРОНОТ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И НА ГРАДОТ ОХРИД, СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

 На овој ден го чествуваме празникот посветен на свети Климент Охридски (околу 840 г. – 916 г.н.е), учител, светител и духовен водител на Македонската православна црква. Овој прв словенски епископ на Балканот бил говорник, преведувач и родоначалник на словенската литература и беседништво. Како ученик на сесловенските браќа светите Кирил и Методиј, учествувал во нивната мисија меѓу Хазарите и во Моравија, а потоа ја основал Охридската школа, или во науката позната како „Прв словенски универзитет“, низ која поминале околу 3500 ученици.  Во „Краткото житие“ напишано од Димитар Хоматијан за свети Климент се вели дека „измислил други форми на букви со јасност отколку оние измислени од мудриот Кирил“. Врз основа на ова научниците заклучуваат дека св. Климент е творец на кириличната азбука, а при тоа ја формирал првата манастирска библиотека во Охрид во манастирот „Св. Пантелејмон“, со што станал основоположник на библиотекарството на овие простори. Во чест на светителот, во нашата држава  многу институции и објекти го носат неговото име бидејќи на тој начин се сочувува споменот за неговото дело во колективната меморија на генерациите. Со личната посветеност на повеќа полиња, (црковно, просветно, книжевно) тој е заслужен не само за македонскиот народ туку и за сите народи кои ја користат кирилицата. Зборовите на свети Климент биле насочени кон етичко облагородување на човечкото однесување. Тој барал „со смирение и нелицемерие, со вистинска љубов да се почитуваме еден со друг“. Со Одлука на Собранието во 2007 година 8 декември е прогласен за државен празник за сите граѓани.

скен 724x1024 1

Најнови објави

Учество на состанок на Редакцискиот одбор на списанието на Историскиот архив на Пожаревац и работен состанок со потпретседателката на Меѓународниот центар за архивско истражување (ICARUS)

На покана на д-р Јасмина Николиќ, директор на Историскиот архив на Пожаревац и уредник на

Дознај повеќе...

ОБЈАВЕНА Е ВТОРАТА КНИГА ОД ВТОРИОТ ТОМ ОД „ОСМАНЛИСКИ ДОКУМЕНТИ ЗА ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА – ПОПИСИ ОД ХIX ВЕК (1832-1833) СКОПСКИ САНЏАК, СКОПСКА КАЗА“ ОД АВТОРОТ  Д-Р АДНАН ШЕРИФ

Објавена е петтата книга, всушност втора книга од вториот том од серијата ,,Османлиски документи за

Дознај повеќе...