Заменик-директорот на Државниот архив, проф. д-р Музафер Бислими, денес оствари работна средба со министерот за надворешни работи, д-р Бујар Османи, во Министерството за надворешни работи. На средбата беа разменети конкретни идеи и иницијативи за меѓуинституционална соработка при што заменик-директорот Бислими го информираше министерот Османи за плодната меѓународна соработка на Архивот. Презентирајќи ја богатата издавачка дејност и научноистражувачката работа на Архивот, заменик-директорот му подари архивски изданија на домаќинот.
Во наредниот период, министерот Османи ќе го посети Државниот архив за да се запознае целосно со неговата дејност како институција од големо значење за општеството и државата.