Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите во Македонија е промовирано делото: ,,Книга за меморија: Ученици и студенти Евреи од гр. Скопје (1919 – 1943)“, приредена од проф. д-р Ленина Жила, проф. д-р Александар Манојловски и д-р Јасмина Дамјановска.
На настанот свое обраќање имаа директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески и директорот на Институтот за национална историја, проф. д-р Митко Панов. Изданието е заеднички проект на двете институции и претставува биографски речник за ученици и студенти Евреи од градот Скопје, за чија подготовка се користени фондови на Државниот архив.