1

Средба Бислими-Панов: „Државниот архив и Институтот за национална историја со нова стратегија за соработка“

Заменик-директорот на Државниот архив, проф. д-р Музафер Бислими во својата визија за развој на институцијата го има меѓуинституционалното поврзување и искористување на сите можности за остварување на заеднички интереси.  Со ЈНУ Институт за национална историја како најсродна институција на Државниот архив, постојат потенцијали за посеопфатна соработка. Од таа причина заменик-директорот, проф. д-р Музафер Бислими и новиот в.д директор на Институтот за национална историја, проф. д-р Митко Панов, денес одржаа работна средба во Институтот.

1

На средбата, двајцата ги презентираа концептите за соработка во правец на спроведување на заеднички научноистражувачки активности, професионална поддршка на дигитализацијата на архивски материјали во Институтот за национална историја и преземање на низа други активности кои ќе бидат пред сè во интерес на науката, истражувачите и вработените од двете институции.

2

Заменик-директорот, проф. д-р Музафер Бислими потенцираше на средбата дека се залага за потпишување на официјален Меморандум за соработка за чие потпишување дополнително ќе биде известена јавноста.

            Државниот архив и во наредниот период ќе остварува партнерства за реализирање на својата примарна мисија-проучување и промоција на историското минато и дополнување на архивските фондови.

Најнови објави

Учество на состанок на Редакцискиот одбор на списанието на Историскиот архив на Пожаревац и работен состанок со потпретседателката на Меѓународниот центар за архивско истражување (ICARUS)

На покана на д-р Јасмина Николиќ, директор на Историскиот архив на Пожаревац и уредник на

Дознај повеќе...

ОБЈАВЕНА Е ВТОРАТА КНИГА ОД ВТОРИОТ ТОМ ОД „ОСМАНЛИСКИ ДОКУМЕНТИ ЗА ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА – ПОПИСИ ОД ХIX ВЕК (1832-1833) СКОПСКИ САНЏАК, СКОПСКА КАЗА“ ОД АВТОРОТ  Д-Р АДНАН ШЕРИФ

Објавена е петтата книга, всушност втора книга од вториот том од серијата ,,Османлиски документи за

Дознај повеќе...