Почитувани колешки и колеги од Државниот архив!
Ви изразувам голема благодарност за соработката и за Вашата несебична поддршка во изминатите четири и пол години, како и за Вашата посветеност при исполнувањето на секојдневните професионални обврски. Има таму добра екипа што работи со срце и душа и со сознание дека правевме и правиме нешто навистина добро и корисно, не само за нас и за институцијата, туку и за татковината! Државниот архив е многу значајна институција и верувам, а и убеден сум дека со новиот директор, кого добро го познавам, ќе имате уште подобри резултати и постигнувања! Срдечен поздрав од Прага!
Емил Крстески
