Директорот на Државниот архив, д-р Наташа Котлар-Трајкова денес оствари работна средба со претседателот на македонското друштво „Илинден“ од Тирана, Никола Ѓурѓај. На средбата беше разговарано за намерите за потпишување Меморандум кој би опфатил повеќе проекти кои ќе се реализираат во иднина. Двајцата соговорници заклучија дека е потребно да се формира архивски фонд како посебен вид на соработка кој би ја опфаќал историјата на македонските организации и дејноста на видни македонски активисти од соседна Албанија.
Државниот архив како институција ги поддржува сите активности за зачувување на историската меморија поврзана со дејствувањето на македонските организации од соседството
