web

Државниот архив доби донација-автомобил од компанијата  „Алкалоид“

Државниот архив доби донација од страна на компанијата „Алкалоид”, која во рамките на својата програма за корпоративна општествена одговорност донираше возило „Шкода Рапид“ на институцијата. Оваа донација значително ќе придонесе за зголемување на ефикасноста и мобилноста на вработените во Архивот во извршувањето на работните задачи на терен.

Директорот на Државниот архив, д-р Наташа Котлар Трајкова се заблагодари за донираното возило од  „Алкалоид” и истакна дека со овој чин уште еднаш се потврдува долгорочна посветеност на раководството на компанијата кон општествено одговорните иницијативи и вредности. Поддршката на државните институции и проекти од национален интерес е секогаш добредојдена.

Најнови објави

Делегација на Државниот архив предводена од директорот м-р Димитар Богески, учествуваше на состанокот на архивите на државите наследнички на СФРЈ во Сараево

Делегација на Државниот архив предводена од директорот м-р Димитар Богески, учествуваше на состанокот на архивите

Дознај повеќе...