Државниот архив објавува повик за прибирање предлози за публикување во 2025 година.
Публикувањето архивски материјал и научно-информативни средства претставува важна функција на Државниот архив на Република Северна Македонија. Притоа Архивот се ориентира кон објавување архивски материјал што е од значење за историјата на македонскиот народ и Македонија. Во рамки на издавачката дејност се издаваат публикации „за поширок круг научни работници и истражувачи, со цел да се задоволат потребите од верна репродукција на оригиналот, но и за јасност и разбирливост на текстот“. Тоа се критериуми што се сметаат за општоприфатени во светот.
I Насоки при поднесување на предлозите
1. Комисијата за издавачка дејност ги зема предвид за разгледување следните видови публикации:
– монографии односно рецензирани публикации што исцрпно и сеопфатно обработуваат одреден настан, проблем, прашање, тема или личност од историјата на Македонија;
– зборници на документи;
-стручни и периодични публикации од областа на архивистиката
-други видови на публикации кои се наведени во член 2 од Правилникот за публикување на Државниот архив.
2. Содржина на предлогот
– потребно е да се пополни Образец за предлози за публикување објавен со повикот во Word формат на веб страницата arhiv.mk. Образецот да биде испратен во скенирана форма и потпишан од авторите и во него задолжително да се наведат гранични години на материјалот што ќе се публикува. Во однос на приближиот обем на материјалот да се наведе број на авторски табаци така што 1 авторски табак одговара на 30.000 карактери со растојание меѓу зборовите;
-доколку ракописот е подготвен може да се испрати заедно со Образецот.
3. Рок за доставување на предлозите
Рокот за доставување на предлозите за публикување е до 22 ноември 2024 година. Предлози примени пред рокот и по истекот на рокот нема да се доставуваат на разгледување од страна на Комисијата за издавачка дејност.
Исклучок од ова правило се предлозите кои имаат приоритетно значење за Државниот архив;
4. Дополнителни информации
-Предлог за публикување до Комисијата за издавачка дејност при Државниот архив поднесува автор/автори (редактор/редактори). На повикот за публикување немаат право да се пријавуваат автори на кои во претходната година им биле отпечатени ракописи за публикување во Државниот архив;
– Комисијата за издавачка дејност при Државниот архив ги разгледува доставените предлози а Програмата за издавачка дејност ја носи директорот на Државниот архив.
– авторите кои поднеле предлози за публикување писмено се известуваат за прифаќањето или одбивањето на нивните ракописи најдоцна до 15 декември 2024 г. Временска рамка за подготовка на публикацијата која ќе биде прифатена е до 30 март 2024 година.
– Државниот архив определува по двајца рецензенти за секој прифатен ракoпис. По предавање на ракописот и по добивање позитивна рецензија за него, Државниот архив склучува договор со авторите и одлучува дали публикацијата ќе биде објавена само во печатена форма, само во електронска форма или и во печатена и во електронска форма.
II Насоки при изработка на публикациите
1. При подготовката трудовите треба да се работат во електронска форма со македонска поддршка во некоја од програмите на МЅ Word, снимени во формат на документ ( **.doc). Задолжителна е употребата на фонтот Times New Roman. Во текстот големината на буквите е 12 точки, а проредот 1,5. Во фуснотите големината на буквите е 10 точки, а проредот најмал (single). Доколку трудот не е уреден според насоките, тој нема да биде прифатен, само целосно среден текст во Word е дозволен за понатамошна постапка во архивот.
2. Доколку при изработка на публикацијата се користи материјал на странски јазик, авторот/редакторот е должен да ја предаде публикацијата преведена на македонски јазик, при што трошоците за превод се на авторот/редакторот;
3. Доколку при изработка на публикацијата се користи архивски материјал што не е депониран во Државниот архив на Република Северна Македонија, авторот/редакторот е должен да предаде копија во електронска или во печатена форма во Државниот архив.
Авторот, односно редакторот го предава на Комисијата ракописот во уредно испишана форма (изработени фусноти, белешки, фотографии, регести на лични имиња, регести на географски поими, кратенки и сл.), во печатена или во електронска форма со македонска поддршка, во рокот одреден во повикот за прибирање предлози за публикување.
IV. Достава на предлозите
Обрасците за публикување во скенирана форма треба да бидат испратени на следната адреса:
Државен архив на Република Северна Македонија
-за Комисијата за издавачка дејност
Кеј „Димитар Влахов” бр. 19
1000 Скопје
Или во електронска форма на следната електронска пошта: publikuvanje@arhiv.gov.mk.
На следниот линк е достапен правилникот за публикување: Правилник-за-публикување-во-Државниот-архив.pdf (arhiv.mk)