Изложбата „АСНОМ – израз на суверената волја на македонскиот народ за остварување на неговото право на самоопределување“ на Државниот архив и Институтот за национална историја вчера беше поставена и промовирана на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. На тој начин Државниот архив го збогати настанот на факултетот кој беше посветен по повод 80 години од прогласувањето на македонскиот јазик за службен јазик. Во свечениот дел имаше обраќања на деканот на Филолошкиот факултет проф. д-р Владимир Мартиновски, раководителот на Катедрата за македонски јазик, проф. д-р Искра Пановска-Димкова, проф. д-р Емилија Црвенковска и проф. д-р Димитар Пандев.
Во вториот дел од настанот, д-р Јасмина Дамјановска, една од авторите на изложбата ја претстави нејзината содржина на присутните гости и студентите. Изложбата ќе биде поставена 14 дена на Филолошкиот факултет при што сите заинтересирани ќе имаат можност да ја погледнат.
Соработка со Историскиот архив на Европската Унија
Во рамките на 34. Конференција – Меѓународни архивски денови 2024 година, организирана од Меѓународниот институт