Конференција_на_Викимедија_МКД_за_вработени_во_ГЛАМ_институции_10

Архивисти од Државниот архив се вклучија во проект за Википедија

Раководството на Државниот архив го поттикнува стручното усовршување на вработените во институцијата со пријавување на обуки на теми со кои се допира архивската дејност. Во петокот, на 6 декември 2024 година се одржа конференција за професионалци од ГЛАМ-институции, како галерии (galleries), библиотеки (libraries), (archives) архиви и музеи (museums) во библиотеката „Браќа Миладиновци“ од Скопје. Конференцијата на која присуствуваа архивисти од одделенијата на Државниот архив – Куманово и Скопје се состоеше од теоретски и практичен дел во однос на користењето на Википедија и давање придонес за развој на енциклопедијата. Создавањето содржини на Википедија и дигитализација на документи поврзани со културно-историското наследство беше клучна порака до учесниците на конференцијата.

Организатор на настанот беше здружението Википедија Македонија, кое додели сертификати на учесниците.

на Викимедија МКД за вработени во ГЛАМ институции 24
на Викимедија МКД за вработени во ГЛАМ институции 20
на Викимедија МКД за вработени во ГЛАМ институции 14

Најнови објави