Pokana_PISMA_F-

Промоција на книга – издание на Државниот архив

На 20 декември 2024 година (петок) во 12 часот, во НУ Музеј на македонската борба за самостојност ќе биде промовирано изданието „Писма на Љубомир Милетич до Афанасиј М. Селишчев (историја на една мистификација)“ од авторите д-р Бранислав Светозаревиќ и Драган Јаќоски.

Изданието содржи богат архивски материјал за проучување на лингвистиката, историјата и дава претстава за преплетувањето на политиката и науката во однос на историјата на Македонија и македонскиот народ, како и феноменот на корумпирањето на научниците во минатиот век.

Промотори на настанот ќе бидат д-р Валентина Миронска-Христовска, д-р Димитар Пандев и д-р Михајло Миноски.

Најнови објави