Промовирано изданието „Писма на Љубомир Милетич до Афанасиј М. Селишчев (историја на една мистификација)“
Државниот архив ја заокружи годината со денешната промоција на најновото издание „Писма на Љубомир Милетич до Афанасиј М. Селишчев (историја на една мистификација)“ од д-р Бранислав Светозаревиќ и Драган Јаќоски. Во делото се третираат документи кои говорат за односот научник и државна пропаганда, креирање „научни“ книги за лукративни цели, а целта на претставување биле дијалектите на македонскиот јазик во првата половина на XX век. Авторите се занимаваат со демистификација на работата на познатиот руски славист Афанасиј Метвеевич Селишчев од која сè уште има рефлексии.
На настанот се обрати издавачот, д-р Наташа Котлар-Трајкова, авторот, д-р Бранислав Светозаревиќ, промоторите, д-р Михајло Миноски, д-р Димитар Пандев и д-р Валентина Миронска-Христовска. Модератор на настанот беше Богдан Илиевски.