Директорот на Државниот архив, проф.д-р Наташа Котлар-Трајкова интензивно иницира соработка со други институции од државата во интерес на остварување на програмските цели на Архивот.
За таа цел на 28 март 2025 г., (петок) директорот проф.д-р Наташа Котлар-Трајкова оствари работна средба со директорот на КОВЗРГ, Оливера Трајковска, во Државниот архив на која беа разгледувани можности за соработка во делот на научноистражувачката, културно-просветна и издавачка дејност. Историјата на верските заедници
во РС Македонија
како и документарното наследство на КОВЗРГ заедно со архивските фондови на Архивот со слична тематика се потенцијални точки за осмислување и реализирање заеднички проекти со цел нивно презентирање на стручната и поширока јавност.
Првите луѓе на двете институции разменија мислења и искуства околу предизвиците со кои се соочуваат во работата како и за потребата од меѓусебна поддршка.
