Државниот архив ќе учествува на „Саемот на книгата“, кој ќе се одржи од 8 до 14 мај 2025 година, во „Арена СЦ Борис Трајковски“, претставувајќи ја својата издавачка дејност со над 40 изданија за историското минато, вклучувајќи монографии и зборници на документи. Изложените изданија ќе се продаваат со намалени цени од 30 отсто од редовните цени, а сите изданија на Државниот архив со истото намалување на цените ќе можат да се набават во просториите на Државниот архив – централен дел додека трае „Саемот на книгата“. Во рамките на Промотивниот центар на саемот ќе се промовира најновото издание на Државниот архив насловено како „Писма од Љубомир Милетич до Афанасиј М. Селишчев“ од доц. д-р Бранислав Светозаревиќ и Драган Јаќоски, на 11 мај 2025 (недела), 14.00-14.45 часот.
Ги покануваме сите читатели да го посетат нашиот штанд на „Саемот на книгата“.
