Историјата на македонската дијаспора од Австралија е застапена во Државниот архив преку групата архивски фондови од документите кои се донесени од теренски истражувања. Институцијата континуирано се залага за нивно збогатување со нови материјали кои ќе бидат од полза на истражувачите и кои со предавањето стануваат дел од меморијата на македонскиот народ. Приватниот имател Цветан Петровски-Целе од Мелбурн го посети Државниот архив-Одделение Битола и подари архивски материјал во електронска форма, кој го опфаќа културниот, политичкиот, црковниот живот и многу други активности од национален карактер на Македонците од Мелбурн децении наназад. Петровски како снимател имал можност да ги евидентира сите позначајни настани кои се случувале во овој град, а биле поврзани со македонската заедница. Паралелно водел и дневници со прецизни описи на настаните на кои бил сведок во периодот 1990-1995 година. Уште во 2024 година во ова Одделение беше формиран фонд бр. 1098 „Цветан Петровски-Целе” од претходно подарен архивски материјал.
Државниот архив јавно се заблагодарува на г. Цветан Петровски за покажаната општествена и национална одговорност за зачувување на националната меморија.
