IMG_2013

СТУДЕНТИ ОД ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ ЌЕ БИДАТ АНГАЖИРАНИ ВО ДРЖАВНИОТ АРХИВ

    Директорот на Државниот архив, проф. д-р Наташа Котлар-Трајкова, одржа работна средба со деканот на Филозофскиот факултет во Скопје, проф. д-р Оливер Бакрески, на која беше разговарано за неколку иницијативи во интерес на двете страни.
    Двајцата се согласија дека потенцијалот на студентите од одредени групи при Филозофскиот факултет може да се искористи за практикантство во Државниот архив совладувајќи вештини за обработка на архивски фондови. Тоа би било од интерес за стекнување знаења од повеќе области кои подоцна можат да ги применат во текот на студиите. Воедно, студентите можат да се вклучат и во други работни процеси во делот на архивската дејност при што би имале полза во стекнувањето работни вештини и компетенции. Државниот архив со оваа активност вложува во градење идни архивски професионалци.
    На работната средба беа разгледани опциите за стручно оспособување на административниот кадар на Факултетот со посета на обука за канцелариско и архивско работење, како и можноста за стручна поддршка од страна на професионалци од Архивот на одговорните на Филозофскиот факултет во делот на чувањето и одржувањето на архивскиот и документарен материјал кој настанува од работата на факултетот.
    Директорот на Државниот архив во наредниот период ќе се залага за потесна соработка со високообразовните институции во насока на приближување на архивската дејност до студентите.

IMG 2027

Најнови објави