1

ПРОМОВИРАНА ИЗЛОЖБАТА „80 ГОДИНИ ОД ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ – НИКОЈ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ЗАБОРАВИ И НИШТО НЕ СМЕЕ ДА СЕ ЗАБОРАВИ“

Вчера во трговскиот центар „Дајмонд мол“, во организација на Државниот архив и со поддршка на менаџментот на „Дајмонд мол“ беше поставена изложбата „80 години од победата над фашизмот – никој не смее да се заборави и ништо не смее да се заборави“. Оваа изложба е изработена по повод 80-годишнината од победата над фашизмот. Директорот на Државниот архив, проф. д-р Наташа Котлар-Трајкова ја отвори изложбата и говореше за значењето на архивите во зачувувањето на колективната меморија за жртвата која ја дал македонскиот народ и сите националности од Македонија во здобивањето на слободата. Крајот на Втората светска војна и учеството во антифашистичката коалиција овозможија создавање на современата македонска држава.

            Авторката д-р Јасмина Дамјановска посочи дека во изложбата се претставени документите од фондот „Партизанска споменица 1941“ во кого има документација за 777 учесници во Втората светска војна. Од тој фонд се претставени документи од партизански споменици на 28 борци од различна националност. И дека споменот за секое име од хероите кои придонеле за слободата треба да биде сочувано. Соработници во овој проект беа проф. д-р Ленина Жила од Институтот за национална историја и м-р Јован Стојановски од Државен архив.

            На настанот присуствуваа и ученици од ООУ „Киро Глигоров“ – Општина Центар, покрај останатите гости. Изложбата ќе биде поставена до 17 октомври 2025 година при што сите граѓани ќе може да ја посетат. Државниот архив изразува јавна благодарност за општествената одговорност на „Дајмонд мол“.

2
3
ccf59168 cd71 47af ba62 059906c5b48e
323f58f3 67b4 473f a407 f97dca419346

Најнови објави