Покана изложба

ИЗЛОЖБА „КОНЗУЛАРНИТЕ ПРЕТСТАВНИШТВА НА ЦРНА ГОРА 1880 – 1914“

На 11 ноември 2025 г., (вторник) во 12:00 ч., во НУ Музеј на македонската борба за самостојност ќе биде отворена изложбата „Конзуларните претставништва 1880 – 1914“ која е подготвена од Државниот архив на Црна Гора. Изложбата содржи над 200 документи и фотографии кои ја прикажуваат работата на конзуларните претставништва на Црна Гора во Италија, Франција, Велика Британија, САД, Канада, Бразил и во други држави во светот. Автори на изложбата се м-р Вукота Вукотиќ и Јелена Николиќ, архивисти од Државниот архив на Црна Гора.  Настанот ќе се реализира со поддршка на НУ Музеј на македонската борба за самостојност. Изложбата ќе биде поставена седум дена и ќе биде достапна за сите заинтересирани.

            Говорници на настанот ќе бидат проф.д-р Наташа Котлар-Трајкова, директор на Државниот архив, Н.Е Зоран Миљаниќ, амбасадор на Република Црна Гора во Скопје, Данило Мрвалевиќ, директор на Државниот архив на Црна Гора и м-р Вукота Вукотиќ,еден од авторите на изложбата.

изложба 1

Најнови објави