Денес во Домот на културата „Билјана Беличанец“, директорот на Државниот архив м-р Димитар Богески присуствуваше на свеченото одбележување на 70-годишнината од основањето на ДСУРЦ „Партенија Зографски“ – Скопје.
Настанот кој се одржа под мотото „70 години традиција, знаење и љубов” опфати свечени обраќања, промоција на монографија по повод јубилејот, како и богата уметничка програма изведена од учениците на Центарот.
На присутните им се обратија директорката на ДСУРЦ „Партенија Зографски“, г-ѓа Слободанка Џеповска, како и министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска. Промотор на монографијата беше Андријана Новеска, а уметничката претстава беше во режија на Викторија Волак.
Државниот архив изразува честитки за овој значаен јубилеј на ДСУРЦ „Партенија Зографски“ – институција која седум децении создава поддршка, инклузија и образование со континуирана и посветена работа.





