WhatsApp Image 2025-12-24 at 12.58.13

Работна средба во Државниот архив со пратеничката Велика Стојкова-Серафимовска

Во Државниот архив се одржа работна средба помеѓу директорот м-р Димитар Богески и пратеничката Велика Стојкова – Серафимовска, член на Комисијата за култура и дел од колективот на ЈНУ Институт за фолклор „Марко Цепенков“.

На средбата беше посочена добрата соработка помеѓу Државниот архив и Институтот за фолклор, при што беа разгледани прашањата поврзани со унапредувањето на архивската дејност, заштитата на архивското културно наследство и јакнењето на институционалната поддршка во областа на културата.

Двете страни ја истакнаа важноста од континуиран дијалог и координација, со цел подобрување на условите за работа и понатамошен развој на двете институции.

WhatsApp Image 2025 12 24 at 12.58.13

Најнови објави