1000017712

Со заедништво кон нови успеси – новогодишно обраќање на директорот

Почитувани колеги,

Пред да ви ја честитам Новата година, сакам од срце да ви се заблагодарам на сите за соработката, трпението и посветеноста што секојдневно ја вложувате во работата. Вашиот труд и придонес се од исклучително значење за функционирањето и развојот на Државниот архив.

Водењето на една ваква институција не е лесна задача и без вашата поддршка, професионалност и разбирање, тешко би можел успешно да одговорам на обврските и предизвиците со кои се соочуваме.

Ви благодарам и за разбирањето и за заедништвото што го покажувате. Како и во секое семејство, и кај нас постојат различни мислења и повремени недоразбирања, но најважно е што остануваме обединети, ги решаваме предизвиците заеднички и чекориме напред со меѓусебна почит и доверба.

Убеден сум дека и во годината што следи, со заеднички напори ќе продолжиме да го унапредуваме архивското работење и да ја зајакнуваме улогата на Државниот архив како чувар на националната меморија.

Ви посакувам добро здравје, радост, среќа, мир во душите, професионални успеси и исполнување на сите ваши лични и семејни желби.

Среќна и успешна Нова година!

м-р Димитар Богески

Директор на Државниот архив

1000018141

Најнови објави