1000019267

Средба со подрачните одделенија во Подрачното одделение Скопје

Во Подрачното одделение Скопје вчера се одржа работна средба со претставници од подрачните одделенија, посветена на унапредување на работата, размена на искуства и јакнење на тимската соработка.На средбата беа отворени прашања поврзани со секојдневните работни процеси, предизвиците со кои се соочуваат подрачните одделенија, како и можностите за подобрување на ефикасноста и квалитетот на услугите. Размената на практични искуства и мислења придонесе кон заедничко согледување на состојбите и дефинирање насоки за понатамошна работа.Оваа практика ќе стане редовна во иднина, бидејќи од исклучителна важност е институцијата да биде во постојан контакт со подрачните одделенија. На тој начин не само што се одржува директна врска со вработените, туку и се обезбедува континуитет и непречено течење на процесите.Ваквите средби претставуваат значаен чекор кон зајакнување на тимот, подобра координација и унапредување на вкупното функционирање на институцијата. Дополнително, тие создаваат простор за нови идеи и иницијативи кои ќе придонесат за модернизација и уште поголема транспарентност во работата.

Најнови објави