Arhivist_korica-2025_predna

СПИСАНИЕТО „МАКЕДОНСКИ АРХИВИСТ“, ДВОБРОЈ 37-38 ДОСТАПНО ЗА ЧИТАТЕЛИТЕ

Државниот архив го публикуваше најновиот двоброј на списанието „Македонски архивист“, кое е стручно списание од областа на архивистиката во државата. И во овој двоброј се претставени стручни текстови од областа на историјата и архивистиката, прилози и материјали меѓу кои и текстови за активностите во Државниот архив во 2025 година. Во него ќе може да прочитате текстови од докажани имиња во историската наука и архивистиката како и од перспективни истражувачи. Историјата на државната ревизија во Македонија, Скопје и исламската духовност, македонско-американските односи во минатиот век, султански посети на Македонија, весникот „Македонка“, миграциите и документите, примери од архивската едукација, средувањето архивски фондови се дел од опфатените теми наменети за читателите.

Двобројот наскоро ќе може да се набави во просториите на Државниот архив.

Arhivist korica 2025 predna 1

Најнови објави