Една институција не ја прават ѕидовите, инфраструктурата, масите или столчињата – туку луѓето. Нашата најголема вредност се вработените, а нашиот фокус е тие да ги имаат сите услови за работа, достоинство и професионален развој.
Ветувањата се реализираат – на дело.
Како дел од заложбите на директорот м-р Димитар Богески, во Подрачното одделение Битола е извршена санација на објектот, поправка на клима-уредите и значително подобрување на условите за работа на вработените.
Со конкретни чекори се создава побезбедна, пофункционална и попријатна работна средина, потврдувајќи дека одговорното раководење и грижата за луѓето – за тимот кој ја носи институцијата напред – се докажуваат преку дела.





