Во интервју за ТВ Тера Битола, раководителот на Подрачното одделение Битола, Гоце Стојановски, посочува дека архивскиот материјал во подрачното одделние е на безбедно и на сигурно.
„Она што во медиумите е пласирано дека архивскиот материјал во Битола е загрозен поради тоа што протекува од крововите, апсолутно не е точно. Архивскиот материјал тука е безбеден и на сигурно и имаме услови за да го чуваме она што го нарекуваме културно наследство на Битола и Македонија“, кажа Стојановски
Стојановски посочува дека она што е наведено во ревизорскиот извештај е подобрување на условите во депоата не само во Битола и на централно ниво.
„Ова е лоцирано како проблем и со новото раководство на Државниот Архив со новиот директор м-р Димитар Богески имавме неколку состаноци одржано со сите подрачни одделенија и е разговарано на оваа тема и активно се работи на подобрување на тие услови. Веќе работиме со новиот директор на некои фондови кои се од значење за градот Битола кои се чуваат во Скопје, да дојдат во Битола, да се обработат тука и да станат достапни на јавноста“, рече Стојановски.
Тој надополни дека се разговара за дополнителни градежни зафати кои ќе ги подобрат условите во Архивот.