По повод годишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски, Државниот архив со почит се потсетува на неговото државничко дело и придонес во развојот на Македонија.
Во Архивот се чува фондот од Кабинетот на претседателот Трајковски, како трајно сведоштво за неговата работа, визија и посветеност кон државата и нејзините граѓани.
Државниот архив е чувар на 148 кутии со документи и 34 книги од сите претседатели на Македонија во нејзината историја. Овие три документи се дел од таа богата ризница.
Претседателот Трајковски останува симбол на единство, дијалог и европска перспектива за нашата земја.
Неговата заложба за мир, толеранција и меѓуетничка соработка е трајна инспирација за идните генерации.
Државниот архив ја продолжува својата мисија да го чува и афирмира неговото наследство, како дел од колективната меморија на македонското општество.






