Делегација на Државниот архив, во состав, Валентина Трајаноска, доц. д-р Бранислав Светозаревиќ и м-р Јован Стојановски, присуствуваше на свеченоста организирана од Архивот на Војводина по повод одбележувањето 100 години од неговото основање, под мотото „Чувари сећања“ (1926–2026).
Во рамките на свечената програма во Нови Сад беше откриена и биста на д-р Димитрије Кириловиќ, една од значајните личности во историјата на архивската дејност, а беа претставени и изложбени и издавачки проекти посветени на вековното постоење на институцијата.
Честитки за 100-годишниот јубилеј на Архивот на Војводина!


