Делегација на Државниот архив, во состав: директорот, м-р Димитар Богески, раководителката на Сектор за истражување, меѓународна и домашна соработка и публикување архивски материјал, Светлана Успрцова, и раководителот на Подрачно одделение Битола, Гоце Стојановски, присуствуваше на свечен прием организиран по повод Националниот ден на Романија и 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Република С. Македонија и Романија.
Државниот архив упатува искрени честитки по повод Националниот ден на Романија, со желби за натамошен просперитет и унапредување на пријателските односи меѓу двете држави.
Во своето обраќање, амбасадорката Н.Е. Адела Моника Аксинте ја истакна важноста на долгогодишното пријателство меѓу двете земји, нагласувајќи ја солидарноста и поддршката што Романија и ја дава на Македонија во процесот на европската интеграција, како и значењето на заедничките вредности и регионалната стабилност.
Настанот се одржа во организација на Амбасадата на Романија, предводена од амбасадорката Н.Е. Адела Моника Аксинте и претставуваше можност за развивање и унапредување на меѓуинституционалната соработка.
Државниот архив продолжува да гради партнерства со сродни институции и дипломатски претставништва, со цел унапредување на архивската дејност и афирмирање на меѓународната соработка.



