Државниот архив објавува повик за доставување текстови (прилози) за новиот двоброј на меѓународното научно списание „Македонски архивист“ бр. 39-40 во кое се објавуваат трудови од архивската теорија и практика, теорија и методика на проучување и користење на пишани историски извори (документи), трудови од архивска едукација, претставување на архивски фондови од Државниот архив и други архиви, прилози, материјали, хроники, патеписи, сеќавања, критики, биографии, рецензии, прикази, соопштенија во чија подготовка или осврт е користена архивска документација.
Овој двоброј ќе биде публикуван во 2026 година.
Трудовите треба да бидат напишани на македонски јазик или на еден од светските јазици (англиски, француски, германски и руски јазик). Апстрактот треба да биде напишан на англиски јазик доколку трудот е напишан на македонски јазик, доколку трудот е напишан на еден од светските јазици апстрактот треба да биде на македонски јазик.
Со текстот потребно е да се достави кратка биографија на авторот и потпишана и скенирана изјава за авторство.
Редакцискиот одбор на списанието „Македонски архивист“ ве поканува да ги доставите вашите трудови на електронска пошта makedonski.arhivist@arhiv.gov.mk најдоцна до 12 јуни 2026 г. Наведениот рок треба да биде запазен од авторите при штоРедакцискиот одбор ќе ги извести до 26 јуни 2026 г. околу прифаќањето на поднесениот труд и за секој прифатен труд ќе определи рецензент, кој анонимно ќе го рецензира.
При пишувањето на трудот задолжително треба да се применуваат насоките од Упатството за подготовка на текстовите во списанието „Македонски архивист“, кое се наоѓа на веб-страницата на Државниот архив.
Заинтересираните автори за дополнителни информации и консултации може да се обратат на електронската пошта makedonski.arhivist@arhiv.gov.mk

