1000026452

изложбата „Документи и фотографии за Македонија во османлискиот период“ и промоција на изданието „Попис на христијанското население од Скопски санџак – Тетовска каза 1838/39 година“ од д-р Аднан Шериф

Денес во Националната галерија Чифте амам во Скопје се одржа изложбата „Документи и фотографии за Македонија во османлискиот период“.Настанот беше дел од одбележувањето на значајниот јубилеј 75 години од постоењето на Државниот архив, при што беа презентирани вредни архивски материјали кои сведочат за историските процеси и животот на населението во Македонија во 19 век.Во рамки на изложбата беше промовирано и изданието „Попис на христијанското население од Скопски санџак – Тетовска каза 1838/39 година“ од д-р Аднан Шериф, кое претставува значаен придонес кон истражувањето на демографската и општествената историја.

Најнови објави