Меѓународниот ден на архивите – 9 Јуни, се одбележува секоја година во чест на основањето на Меѓународниот совет на архивите (ICA) во 1948 година, под покровителство на УНЕСКО.
Годинава, Архивската недела се одржува од 8 до 12 јуни и го нагласува значењето на архивите како активни чинители во зачувувањето на колективната меморија, заштитата на правата и градењето на иднината.
Овогодинешното мото ја истакнува потребата архивите да бидат отворени, достапни и поврзани со заедницата, покажувајќи дека тие не се само чувари на минатото, туку и важен фактор во развојот на современото општество.
По повод Архивската недела, Државниот архив организира повеќе настани посветени на промоцијата на архивското наследство.
На 9 јуни во Тетово ќе се одржат промоција на книга и изложба посветени на османлискиот период во Македонија, додека на 10 јуни во Куманово ќе биде промовирано јубилејното издание „Државниот архив – столб на македонското битие“, проследено со изложба по повод јубилејот на Државниот архив.
