слика иматели

Јавен повик до приватни иматели за подарување архивски материјал

Државниот архив на Македонија, во интерес на имателите и истражувачите од земјата и странство, постојано презема активности за откривање и евидентирање на архивски материјали што се наоѓаат во приватна сопственост.

Ги повикуваме сите граѓани кои поседуваат архивски материјал (документација) да покажат општествена одговорност и да го подарaт на Државниот архив – институција која се грижи за колективната меморија и историското минато.

На приватните иматели и правни наследници им се нуди можност да подарaт материјал од особено значење за националната и локалната историја, како и за општествено-политичкиот, стопанскиот и културниот живот во минатото. Подарените материјали ќе бидат соодветно сместени, физички и технички заштитени, обработени и достапни за научни цели.

Целиот повик може да го видите тука.

Најнови објави