Директорот на Државниот архив на Македонија, м-р Димитар Богески, оствари работна средба со министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.
На средбата се разговараше за стратешката улога на Државниот архив во процесот на дигиталната трансформација на јавниот сектор, како и за неговото активно учество во реализацијата на приоритетите од Реформската агенда на Владата на Македонија.
Посебен акцент беше ставен на подготовката на законските решенија што ќе овозможат архивирање на електронски документи, како и на воспоставувањето современа инфраструктура за безбедно складирање на податоци и национална е-платформа за водење евиденција и архивско работење. Овие активности претставуваат значаен чекор кон воспоставување ефикасен, безбеден и одржлив систем за управување со канцелариското и архивското работење во дигитална средина.
Директорот Богески и министерот Андоновски ја потврдија подготвеноста за интензивирање на меѓуинституционалната соработка и координација во спроведувањето на реформските процеси, со заедничка цел – модернизација и осовременување на Државниот архив како современа институција што обезбедува долгорочна заштита, достапност и управување со архивското наследство во дигиталната ера.
