Државниот архив по повод 8 септември – Денот на независноста, подготви изложба на оригинални документи и фотографии за дел од најзначајните историски настани што се случиле од осамостојувањето до денес. Изложбата, што ја отвори директорот, д-р Емил Крстески, содржи 10 паноа и е поставена на Кејот ,,13 ноември”, во близина на Камениот мост.
Потпишан меморандум за соработка со Академијата М22.
Денеска Државниот архив потпиша меморандум за соработка со Академијата М22. Целта на овој меморандум е










