Korica_65

Монографија „Државен архив на Република Македонија (1951-2016)“

Државниот архив на Република Македонија по повод 65-годишнината од своето постоење ја објави монографијата со наслов „Државен архив на Република Македонија (1951-2016)“.

Јубилејното издание посветено на 65-годишнината од основањето и работата на Државниот архив на Република Македонија е избор на најзначајните, најстарите и најспецифичните документи, фотографии, благодарници и признанија што се наоѓаат во депоата на Државниот архив и на неговите одделенија во Република Македонија.

Монографијата претставува приказ на неисцрпните податоци за македонската историја, традиција и култура што се наоѓаат во овој трезор. Во текот на изминатите 65 години Државниот архив на Република Македонија доживеа различни промени, а целта што треба да оствари е модернизирање на Архивот и негово издигнување на светско ниво, поткрепено со нова современа законска регулатива.

Основната цел на објавувањето на монографијата е да се информира општесвената јавност и да се збогати претставата за големото национално значење на документарното богатство што се чува и се користи во Државниот архив. Преку оваа монографска публикација секој ќе може да се запознае со раз¬ните аспекти од организираноста, функционирањето и развитокот на Државниот архив на Република Македонија.

Монографијата е промовирана на 1 април 2016 година по повод 65-годишнината од основањето на Архивот.

Најнови објави