698582848_1280419914249575_2208587261481737401_n

Претставници на National Skills Council во посета на Државен архив

Денес во Државниот архив имавме чест да бидеме домаќини на претставници и студенти од National Skills Council од Малта. Во текот на посетата гостите имаа можност одблиску да се запознаат со работата на архивот и со процесите на заштита, средување и обработка на архивскиот материјал. Во секторот за конзервација и реставрација им беше презентиран процесот на конзервација и реставрација на архивски документи, како дел од нашата секојдневна професионална работа.Во одделението за средување и обработка на архивски материјал од стариот период, како и во одделението за османлиски период, гостите имаа можност да се запознаат со вредни архивски фондови, османлиски документи и фермани кои сведочат за богатата историја на овие простори.

Најнови објави