Врз основа на член 55 став 2 од Законот за организација на работата на органите на државната управа, а во согласност со член 22 став 2 од Правилникот за публикување во Државниот архив на Република Македонија, директорот на Државниот архив на Република Македонија:
О Д Л У К А
за одобрување продажба со снижена цена на изданијата од Државниот архив на Република Македонија
Во согласност со член 22 став 2 од Правилникот за публикување во Државниот архив на Република Македонија:
Од 3 до 9 мај 2018 год. ќе се одржи 30. Меѓународен саем на книгата, во кој Државниот архив на Република Македонија нема да учествуваа со своите публикации. Директорот на ДАРМ ОДОБРУВА снижена цена до 30% за продажба на изданијата и сите заинтересирани може да се обратат во просториите на Државниот архив на Република Македонија.
Оваа одлука важи додека трае Меѓународниот саем на книгата.
Директор,
Кирил Петров