Државниот архив на Република Македонија ги почна подготовките за издавање на новиот број на списанието „Македонски архивист”, кое опфаќа теми од областа на архивистиката и историјата.
Рокот за поднесување стручни трудови за списанието е 30 септември 2016 година, а годинешниот број на „Македонски архивист“ ќе излезе до крајот на 2016 година.
Трудот што се поднесува треба да е изработен според вообичаените правила и стандарди за издавање стручни трудови (име и презиме на авторот, институција во која е вработен или студентски статус, факултет и универзитет на кој студира, контакт e-mail на авторот, наслов на трудот, апстракт на јазикот на кој е напишан трудот, клучни зборови, фусноти, библиографија и извори, илустрации и резиме на англиски јазик). Трудот не треба да надминува 16 страници текст (20 страници заедно со илустрациите).
Сите прилози треба да се достават електронски, отчукани со македонска поддршка во некоја од програмите на MS Word, снимени во формат на документ (**.doc). Задолжителна е употребата на фонтот Times New Roman. Во текстот големината на буквите е 12 точки, а проредот 1,5. Во белешките големината на буквите е 10 точки, а проредот најмал (single). Обемот на прилозите не треба да е поголем од еден авторски табак.
Авторите добиваат 1 примерок од бројот на списанието во кој е објавен нивниот труд.
Сите заинтересирани своите трудови можат да ги испратат во електронска форма на следниот e-mail: ljupka.todorovska@arhiv.gov.mk.
1.9.2016 г.
Главен уредник
м-р Љупка Тодоровска