Од 6-8 април 2018 година, во својство на координатор за Македонија на меѓународната конференција по повод 550 години од смртта на Ѓерѓ Кастриоти Скендербег, заменик директорот на Државниот архив на Република Македонија проф. д-р Музафер Бислими присуствуваше на координативен состанок за утврдување учесниците и на нивните реферати (научни прилози, статии, архивски документи и др.) Во научната конференција ќе се вклучат учесници од целиот свет, меѓу кои и од Република Македонија. Состаноците се одржаа во Академијата за албанолошки студии во Тирана.
Заменик директорот д-р Бислими реализира средба со директорите на Институтот за историја и на Академијата за албанолошки студии, на која се разговараше за подготовката на конечниот текст на договорот за соработка меѓу Државниот архив на Република Македонија и Академијата за албанолошки студии во Тирана.